Sweet Home

Ведра и модерна кујна во весели тонови

Австралискиот дизајнер на кујни Kim Duffin, создаде потполно нова тема за кујни…Модерната сино- зелена кујна во минималистички стил и со заоблени линии е предвидена и наменски направена за куќа на плажа. Со својата ведрина, весели тонови и модерен дизајн, потполно се поклопува со морскиот амбиент. Оваа кујна доаѓа со сите потребни елементи има доволен простор и многу е функционална. Ким користи сестран мебел за кујна, предвиден за било каква цел, особено за складирање.
Секој дел од мебелот е избран поединечно и се разликува не само по боите, туку и според материјалот. Деловите за складирање садови и храна се направени од дрво и се обоени во бела боја, додека преградите за чаши, од алуминиум обложен со пескарено стакло. Боите на ѕидот ја следат целата тема и колоритот.
Престижната дизајнерска фирма Sublime Group, на чело со Kim Duffin, веќе со години освојува бројни награди и признанија во областа дизајн на кујна. Queensland наградата за кујна ја има добиено во 2005 и 2011 година. Ова е модерна, весела и пријатна кујна, која се разликува од другите кујни.

Напиши коментар