Содржи се што е потребно за еден убав и здрав појадок…
Гарантирани 500 калории а Вие гарантирано сити 8 часа !!!
Потребни состојки:
3 тост лепчиња
1 краставица
2 парчиња фета сирење
1 варено јајце
сол, кари, бибер
сенф
мајонез
малку павлака
лист марула
2 кругови кромид
2 кругови домат
Начин на подготовка:
Еден клуб сендвич се состои од три лепчиња.
Првото од него се мачка со мајонез. Врз него ставете 1 лист марула, па два кругови домат, неколку кругчиња краставица и едното парче фета сирење. Посолете по Ваш вкус. Потоа ставете ги двата кругови кромид.
Врз нив ставете го второто лепче, кое ќе го намачкате со сенф, а по желба ќе додадете и малку павлака. Врз тоа, ставете едно кругче јајце, кое ќе го попрскајте со бибер и кари зачин. Завршувате со парче фета сирење кое ќе го поклопите со третото парче.
Совет
Намирниците можете да ги искомбинирате по Ваш вкус.
Уживајте!!!
