Вегетаријанството е вистински непријател на мозокот, за неговото нормално функционирање, тврдат научните од универзитетот Оксворд.
Имено тим професори од Оксворд извршиле тестирање на меморијата на 107 луѓе на возраст од 16 до 87 години и дошле до неверојатно резултати кои не му одат во прилог на учењето на вегетаријанството. За време на испитувањата тие забележале големи мозочни разлики помеѓу вегетаријанците и луѓето кои јадат месо.
„Вегетаријанската храна го намалува мозокот, мозокот ја губи моќта а тоа доведува до неверојатни промени во меморијата на луѓето кои се декларираат како вегетаријанци. Недостатокот на витаминот Б12 предизвикува анемија а со тоа и воспалителни процеси на нервниот систем. Екстрактот од квасец што го консумираат вегетаријанците не ги задоволува потребите на мозокот за витаминот Б12. Мозокот по 10 години вегетаријанство почнува да атрофира, поради недостаток на витаминот Б12. Вегетаријанството е здраво но на определено време 1 до 2 години, се што е претерано не чини“ – истакнува професорот Ден Емерсон.