Мојата кујна

Вегетаријански лазањи

Вкусно и здраво, пробајте ги лазањите кои ќе ве воодушеват

Потребни состојки:

–      340 гр кори за лазањи

–      4 средни тиквици, исечени на кругови

–      4 средни моркови, исечени на кругови

–      80 гр растопен путер

–      2 лажици брашно

–      125 мл млеко

–      500 мл сос од домати

–      босилок

–      125 гр моцарела, ситно исецкана

Подготовка:

Подгответе ги корите за лазањи по упатството на кутијата.

Исцедете ги корите и измијте ги со ладна вода. На пареа згответе ги морковите, тиквиците. Со миксер измешајте ги брашното, путерот, па ставете ја смесата на оган и варете ја 2 минути со константно мешање. Потоа додајте го млекото и мешајте се додека смесата не се згусне. Зачинете со бибер и сол по желба.

Намресете го огноотпорниот сад за печење и на дното ставете еден ред од корите. Сипете 75 мл од доматниот сос. Потоа 1/3 од босилокот исецкајте го ставете го а врз него ставете дел од зеленчукот. Одозгора ставете од белиот сос. Повторете ја постапката на три пати. Одозгора завшете со прелив од белиот сос. Исецканата моцарела ставете ја одозгора и  ставете го садот во загреана рерна на 170 степени. Печете околу 35 минути.

Напиши коментар