Здраво тело

Веќе е можно и мислите да се читаат

Американските научници докажаа дека читањето на мислите, со примена на техника “уловување” на електрични сигнали кои мозокот ги произведува, е возможно. Тие успеале тие импулси да ги пренесат во компјутер каде подоцна биле претворени во звуци и на крајот во зборови. На тој начин научниците успеале да ја декодираат електричната активност од темпоралниот дел на мозокот, делот во кој се наоѓа аудитивниот систем  благодарение на кој човекот го слуша разговорот. На основа на корелација помеѓу звукот и мозочната активност, овој тим успешно го декодира она што испитаниците го имаа во мислите.

Во студијата на американските неуролози од калифорнискиот универзитет “Беркли” откриена е методата со која успешно може да се прочитаат човековите мисли.

Напиши коментар