Sweet Home

Величествен дом во Лондон

Работата на големиот број искусни дизајнери, со желба да се создаде нешто ново и различно, резултираше со една од најубавите вили во Лондон.

„Харисон Варма“ е фирмата од Лондон која долги години создава, проектира и опремува, а нејзините сопственици, инаку сопружници, одлучиле да направат резиденција, на површина од 1500 метри квадратни, со налик на оние од бајките. Анил и Мариса Варма сакаа оваа вила да се огледа во луксуз, убавина, великодушност и флексибилност на модерниот и современ дизајн на ентериер.

Вилата е поделена н 4 спрата, а два од нив се под нивото на земјата. На спратовите се наоѓаат 8 спални соби, 9 тоалети, 6 гостински соби, затворен базен, теретана, салон за убавина, винарија, лифт и паркинг за шест автомобили. Покрај многуте простории, посебното волшебство се крие во пространите тераси со прекрасен поглед кон градината.

Системот за наводнување е целосно механизиран, а во градината се проектирани рекреативни терени, вклучувајќи терен за пинг понг, отворено кино, опремено со врвен мебел за градина и градините Канаста.

Неприкосновени во опремување на ентериер, брачниот пар Варма, ставија белег на долгогодишното работење и десетгодишното планирање на нивниот идеален дом.

Напиши коментар