ШоуБиз

“Величествената” за малку убиена

“Величествената”, турската актерка Небахат Џехре била жртва на луд крадец и тоа во центарот на Анкара. Додека таа шетала по улица крадецот и застанал зад грб и извадил голем нож кој го ставил под нејзиниот врат. Тој се обидел да го украде големиот златен ланец од вратот, но не успеал во намерата.

Крадецот не го земал златниот ланец, но со ножот и нанел длабока рана на Џехре, која била толку длабока што за малку не била пресечена артеријата. Глетката за случајните минувачи била ужасна. Една жена која била сведок на немилиот настан изјавила дека изгледало страшно, актерката многу крвавела и врескала. По тоа веднаш била однесена во болница. Сега таа се наоѓа во својот дом на домашно опоравување, по што следи повторно враќање во студиото за снимањето на “Величествениот”.

Напиши коментар