Bridal

Венчаницата од соништата го открива вашиот карактер

Венчаниците од чипка ги бираат успешните жени од околу 30 ти год. Венчаниците во боја ги бираат независните младенки кои не се вклопуваат во шемата. Со сатен,  се нагласува јасниот сексапил.

Од принцеза фустани до цефка фустан, тие се одраз на карактерот, соновите и желбите. Големата, неколку метри долгата венчаница, открива жена која сака да биде ѕвезда на вечерта и тоа се помлади невести на околу 20 год, кои како мали сонувале да бидат принцези, на барем 1 ден.

Чипка

Жените кои се одлучуваат за чипката, се поблиску до 30-тите, отколку до 20,живеат со вереникот имаат успешна кариера. Чипката е симбол на елеганцијата, но и на сензибилноста, осетливоста. Медениот месец оваа младенка со радост би го поминала посетувајки културни дестинации.

Краток фустан

Вам ви е најважна забавата и сакате вашата венчавка да биде токму тоа. Опуштени сте, неоптеретени и забавни и не ви паѓа на ум да се обвиткувате со метри од свила поради тоа што морате.

 

 

Венчаница во боја

Вие сте толку независна што не ги следите ни правилата.Нема да ве поколебаат ни негодувањата на суеверната баба. Тоа е сепак ваша венчавка и ќе биде вие како ќе кажете.


Венчаница А крој без прерамки

Снежнобелата венчаница со кројка А, без прерамки, е сигурен и помалку досаден избор. Најверојатно е и првата од излогот.

Комбинација на сатен и свила

Сакате да сте сексапилни. Ако носите венчаница која го следи телото и неговата линија, сакате на сите да им дадете до знаење дека сте свесни за својот изглед. Тоа сигурно е и точно, бидејки ваквата вечаница, не му одговара секому.

Венчаницата на мама

Иако со изборот на оваа венчаница, сакате да и оддадете почест, можете сепак да оставите впечаток дека тоа не е вашиот избор. Но сепак позитивната страна е што ќе заштедите пари.

Прекратка венчаница

Оваа венчаница која повеќе открива отколку да покрие, секако ќе ви овозможи внимание. Иако сакате да изгледате различно од било која друга невеста, припазете само да не изгледа невкусно.

 

 

Write A Comment