Bridal

Венчаници Живанши – само за најсмелите невести

Живанши е дизајнерска куќа која отсекогаш ја изненадувала јавноста со своите чудни, необични и откачени креации, а тоа важи и кога станува збор за венчаниците.

Живанши ја претстави својата најнова колекција на венчаници за престојната сезона пролет/лето 2012, со која остави многумина со подзинати усти. Колекцијата е екцентрична и е наменета само за најсмелите невести, бидејќи е далеку од сите традиции и правила кога станува збор за избор на невестински фустан.

Половина од фустаните во колекцијата се кафени и црни, што е спротивно на традиционалните венчаници, но сигурно ќе им се допадне на готик девојките. Она што е највпечатливо во оваа колекција се секако обетките, кои се огромни и многу впечатливи.

Напиши коментар