Sweet Home

Versace Home – Луксузен италијански мебел

Versace е името кое е синоним за раскош и луксуз, веќе две децении…

Компанијата Versace, на чело со Донатела, ја прикажува повеќестраноста на брендот во изработката на дизајн и префинетост, во низа од стилови. Во колекцијата за мебел, градираат свечената- црна, белата боја и најсовремениот стил. Темата за секоја колекција е инспирирана од грчкиот класичен дизајн.

Збирката на „парчиња“ е сув контраст меѓу ултра модерниот Versace логотип, суптилно вграден на ткаенина. Истата ја сочинуваат и столни ламби или тапети. Колекцијата за гардероба исто како и онаа за  мебел, потпишана со логотипот на Versace, еднакво е почитувана поради способноста да внесува уникатни идеи, притоа, не откажувајќи од минимализмот.

На прв поглед, поединечни елементи изгледаат дека се дизајнирани едноставно, но со додавање на Versace елементите…тие стануваат кралски! Во изработката се користени најквалитетните ткаенини, претежно еднобојни но и во комбинација на бела, црна и беж боја. Но и Донатела, изјави дека не секогаш е потребно да се придржува кон проверените комбинации, па така настана и гламурозниот Bubble кауч, изработен во дезен со силни бои, кои остави многу вљубеници во овој бренд, едноставно, без здив…

Напиши коментар