Motherhood

Весела трудница – весело и здраво бебе!

Бебето додека е во утробата на својата мајка, откако основно ќе се оформи почнува да слуша и чувствува. Овој факт е докажан уште 70-те години на 20-от век. Дали детето ќе биде среќна или тажна личност, дали ќе биде агресивно или смирено, самоуверено или плашливо кога ќе се роди и почне да се развива, многу зависи од пораките што ги прима додека е во матката на својата мајка. Главен извор на овие пораки што стигнуваат до плодот е мајката на детето и нејзината емоционална состојба и како таа се справува со реалноста во која живее.

Експериментите последниве 50-ет години докажаа дека пренаталното искуство на детето(периодот додека е во матката) се зачувува во клеточната меморија на личноста и се одразува на целиот понатамошен живот во иднина. Стотици студии документирале дека неродените бебиња клоцаат кога се чувствуваат неудобно, кога се исплашени, растревожени или збунети.

Фактите велат дека психичката и емоционална состојба на мајката се пренесува на детето. Кога мајката е во состојба на стрес нејзиниот организам ослободува големо количество кортизол, хормон на стресот што го зголемува крвниот притисок и концетрацијата на шеќер во крвта.

Хроничниот стрес кај мајката го намалува растежот на плодот, се зголемува опасноста од аборт и предвремено раѓање. Високото ниво на кортизол може да го оштети мозокот на плодот или да предизвиква умствени потешкотии во иднина.

Затоа бидете позитивни, бидете среќни, насмеани, оптимисти. Учете го детето на хормоните на радостта и љубовта. Слушајте музика што ве опушта, со тоа испраќате позитивни импулси кон плодот и тоа ги чувствува позитивните вибрации исто како и негативните.

Бидете особено внимателни кон вашиот внатрешен диалог. Внимавајте какви мисли ви минуваат низ главата  и ако тоа не се позитивни мисли исполнети со оптимизам, тогаш вие несвесно вршите лоша услуга на своето неродено дете.

Напиши коментар