Пејачката Katy Perry, која е заштитно лице на спортскиот гигант Адидас, снимила нова реклама за оваа компанија.
Perry изгледа доста секси и заводливо во долните розеви тренерки и спортскиот градник со соодветна боја на целосниот изглед. Со сјајниот изглед, пејачката уште еднаш покажа дека во потполност го преболела разводот со комичарот Russell Brand и дека е подготвена на нови предизвици, приватни и професионални.
Освен тоа, Katy успева да ни покаже дека со вежбање може да изгледате токму како неа, секси и привлечно. Сепак, таа е само една од познатите личност кои се дел од моменталната рекламна кампања на спортскиот бренд.
Неодамна, за Адидас реклама снимија David Beckham и Lionel Messi.