Stacy Keibler, девојката на актерот George Clooney, напорно работи за да ја одржува фигурата која ја има, па нема причина зошто не би ја покажувала во јавност.
Овој пат, 32-годишната поранешна борачка, направила фотосесија за јунското издание на списанието „Self“, сликаќи се во секси, кратки шорцеви и спортски маички.
– Да се биде здрав и да се живее здраво од секогаш било многу важно за мене. Се гордеам со фактот што сум посветила многу внимание на мојот карактер, тело и душа и тоа не само преку вежбање.
– Многу важно e убаво да се наспиете, да јадете органска храна со многу хранливи состојки, како и да се грижите за вашата кожа. На тој принцип функционирам јас и секогаш сум полна со енергија, – завршува Stacy, покажувајќи неколку од вежбите кои редовно си ги прави по дома.