ШоуБиз

Вежбала по 6 часа во денот за да си ја врати линијата

Кејт Хадсон се пожалила пред новинарите дека по пораѓајот морала да вежба по шест часа во денот за да си ја врати линијата.

Убавата актерка гордо ја покажа својата линија во тесен фустан, на црвениот тепих на отварањто на филмскиот фестивал во Венеција. Тогаш таа објаснила што се морала да прави за да дојде до ова што е денес.  „Тренирав по шест часа во денот. Имав кардио тренинг кој тареше еден час, а потоа вежбав јога и пилатес, и се тоа по три пати во денот. При тоа не држев никакви диети, бидејќи се навикнав на домашната храна која ја приготвува мојата мајка„ изјавила Кејт.

http://www.youtube.com/watch?v=EebRgtQmr6E&feature=player_embedded

Напиши коментар