Убавина

Ви ги откриваме најголемите тајни за убава коса

Ви претставуваме неколку трикови за прекрасна коса кои можете да ги пробате од дома, без да се потрошите и без да ги користите скапите третмани во салоните за убавина.

Но запомнете, чувајте ги само за вас, не ги делете по пријатели, бидејќи се мала тајна, на големите козметички мајстори 🙂

  1. Подгответе парфем за коса од дома за да направите вашата коса да мириса прекрасно и ароматично. Измешајте 6 лажици издробен јаглен, 5 лажици прав од смирна и 1 лажица, етерично масло. Додадете 2 – 3 капки масло од сандаловина, 1 лажица калиум нитрат и пасирајте ја смесата се додека не се добие паста. Во текот на бањањето да се загрее смесата , се обликува и се нанесува на косата. Се нанесува на влажна коса и се остава да делува одредено време за да се впие мирисот на ароматичното масло. Потоа се измива.
  1. Жените на древните Маи, користеле авокадо да да ја одржуваат нивната кожа и коса здрави. Еве неколку маски кои можете и ви е да ги направите: Измиксирајте ½ авокадо , 1 лажица маслиново масло, ½ мала банана и 1 жолчка од јајце.Измешајте ги и нанесете ги на косата. Покријте ја косата со пластична кеса и оставете да делува 1 час. Измијте ја косата со топла вода а потоа нашампонирајте ја со вашиот шампон.
  1. Напудрете ја вашата коса, (со пудра за бебе) доколку е масна, ставете на темето на косата. За повеќе масна коса , напудрете повеќе и потоа оставете да делува 15 мин. Потоа измијте ја косата темелно , и ставете омекнувач, а потоа исушете ја и направете ја вашата омилена фризура.
  1. За да ја осветлите вашата коса, или само за да ја освежите , исцедете 1 лимон , ненесете на прамените и излезете така на сонце.

 

 

 

 

 

Напиши коментар