Art & Crafts

Ви го претставуваме најбрзиот начин за ладење пијалак !!!

Еден од начините да ги победите силните летни горештини е секако… ледената голтка !!!

Еве како може пиењето да го изладите за десет минути, наместо за два часа:

Во зависност од температурата, ладењето на пијалакот во фрижидер може да трае помеѓу 45 минути и два часа, што не е ни приближно доволно брзо, кога се чувствувате „ прегреани “.

Процесот може да го забрзате така што околу шишето ќе замотате салфетка и така, ќе го ставите во замрзнувач. Ќе бидат потребни некои 20 минути пиењето да се олади. Не смеете да го заборавите во замрзнувачот или да го оставите подолго, за да не експлодира.

Знаете ли дека ледената вода, ќе ги олади пијалаците уште побргу ??? Тоа е поради фактот што водата полесно спроведува топлина од воздух. Замислете дека сте надвор на пет степени и дека се бањате во вода чија температура е пет степени… Разликата веднаш ќе Ви биде јасна…

За максимално да го забрзате процесот на ладење, во ледена вода додајте сол…уште повеќе ќе ја намали температурата на водата…

Пиењето кое било на собна температура, во студена солена вода, се оладува за шест степени Целзиусови, за време од осум минути.

Уживајте во бистрата свежина на Вашите омилени пијалаци !!!

Напиши коментар