Sweet Home

Ви го претставуваме најмодерниот минималистички дом на светот !

Архитектите одлучија….

Сместена во колумбискиот град Girardot, оваа модерна куќа ја нарекуваме GM1 House. Во неа владее потполн минимализам, а е дело на архитектонското студио GM Arquitectos.

Современиот и модерен дизајн на куќата, е искажан преку рамниот покрив, големите прозорци кои се протегаат од подот до плафонот и минималистичкиот дизајн.

Собата за дневен престој и кујната се фундаменти со интересни парчиња мебел, кои ќе се допаднат на секој кој бара инспирација за модерно уредување на домот.

Горниот спрат е резервиран за три спални соби кои имаат посебни влезови преку големата тераса и отворените скали заштитени со стаклена ограда. Во целата куќа, изоставени се сите непотребни детали и врати, линиите се чисти и рамни, а посебна магија дава осветлувањето како од бајките…

Знаеме дека би сакале да живеете во ваков дом, па се надеваме дека ќе биде инспирација за Вашиот дом кој цел живот сте го сонувале…

Напиши коментар