Иако многу често е на удар на медиумската критика бидејќи во јавност никогаш не се смее, Victoria Beckham тврди дека е среќна, дека е далеку од несреќен живот.
Во едно интервју, таа вели дека е свесна оти повеќето луѓе ја гледаат како несреќна личност, но дека тоа не е вистина.
– Да, сама ја створив таа кутра личност, но воопшто не сум таква!
Victoria смета дека не треба на никого да му покажува колку е задоволна од животот, дека доволно е што таа самата си знае.
– Јас знам дека сум среќна и затоа не се вознемирувам кога луѓето ми велат дека изгледам жално. И јас го помислувам истото кога ги гледам моите слики, – вели дизајнерката.
Posh се осврнува и на времето кога беше пејачка:
– Не бев многу талентирана за музика. Супер функциониравме со другите девојки од групата, но да пејам сама?! Дури и јас мислам дека тоа би било чудно, – вели Beckham.
