Мода

Victoria Beckham- едноставни фустанчиња…

Новата колекција на фустанчиња од поранешната спајсица…

Госпоѓа Бекам, едноставно е несопирлива. Раѓање дете и две неверојатни колекции за само неколку месеци, се нејзините последни „ учиноци“, кои ретко кој може да си ги дозволи. Додека Дејвид позира за H&M, Викторија понуди своја линија со која „попушти“ во строгиот дизајнерски потпис, т.е. ја омекна силуетата со што и подари повеќе младост и опуштеност.

На следниве фотографии се наоѓаат фустанчиња кои би можеле да се најдат во ормарот на секоја девојка и жена. Едноставно, овој пат, зачинетат девојка реши да биде флексибилна и умерена во изработката на нејзиното омилено парче гардероба- фустанот.

Напиши коментар