ШоуБиз

Victoria Beckham си го заборавила синот дома!

Модната дизајнерка и сопруга на фудбалерот David Beckham, Victoria направила несекојдневен гаф. Сакала да го однесе својот син Brooklyn на училиште, но притоа го заборавила дома.

На мајката на четири деца ѝ требало некој период за да сфати дека сѐ направила во најдобар ред освен што го заборавила синот дома, а требало да го однесе во школо. 13-годишниот син го оставила во кујната, во домот во Лос Анџелес.

–          Влегов во автомобилот, си го наместив седиштето и тргнав кон училиштето. Нешто се брзав. Тогаш ми текна дека го оставив Brooklyn дома. Погледнав кон местото каде што седи тој, видов дека го нема и се вратив повторно дома, – си признала Victoria, со коментар дека во моментот се чувствувала како идиот.

Напиши коментар