Victoria Beckham (38) планира да го освои азискиот пазар по пат на отворање продавници таму и создавање интернет страна за својата модна марка.
– Својата работа не ја фокусирам само на САД и Англија. Има многу други територии кои се доста големи, но мене сепак најинтересна ми е Азија. Луѓето и порано ме прашуваа дали во иднина би имала свој ланец на продавници и сега слободно можам да кажам дека работам на тоа. Првата продавница ќе ја отворам во Лондон и тоа многу наскоро, а потоа можеби во Хонг Конг, – изјавила Victoria.
Таа не сака многу да брза и планира полека да ја развива својата работа, а како што знаеме сите, таа учествуваше и во дизајнот на автомобилот „Range Rover Evoque“ кој се продава само во ограничени количини.