Motherhood

Видео игрите создаваат коцкарски навики

Последните истражувања на Белгискиот Државен факултет, дадоа неверојатни резултати од 1 годишно следење на развојот на 3400 деца од 5 годишна до 12 годишна возраст.

Имено истражувачите, дојдоа до заклучок дека структурата на мозочните келии кај децата кои играат видео игри се исти како оние кои се коцкаат.

Скенирајќи ги и проучувајќи го мозокот и следејќи го развојот на личноста на децата кои играле видео игри, отприлика 12 часа во неделата, се дошло до заклучок дека нивните мозочни келии се исти како кај луѓето кои се коцкаат.

Зависноста да се победи е најверојатно причината за создавањето коцкарски навики кај децата. Поразот во играта е мотив повеќе за подолго играње за да се победи. Оваа сличност помеѓу играњето видео игри и коцкањето е неверојатно иста.

Според Simon Kun, првиот човек на истражувањето, „Адреналинот за победа е причината која е виновна за коцкарските потреби на децата. Децата кои се внесени во играта додека не успеат да победат имаат огромен мотив да играат. Според тоа коцкарските навики не произлегуваат во време на адолесценцијата туку нивниот корен мораме да го бараме назад во детството. Затоа препорачувам видео игрите да се заменат со детски игри каде конкуренцијата за победа и натпревар се помеѓу личности и во групи. Победата во детските игри создава општествена одговорност, бидејќи децата играат за меѓусебен престиж во општеството“

Напиши коментар