Убавина

Видео лекција за ултра модерна фризура

Доколку и вие сте една од оние кои ги сакаат плетенките имаме добар предлог за вас. Овој пат ќе ви покажеме како да направите плетенка која ќе се протега околу вашата глава.

Плетенката се прави многу едноставно. Најпрво поделете ја костата по средината на главата. Тоа сторете го по должината на целата глава. Направете две лабави плетенки од ушите па надоле. Земете една плетенка и префрлете ја одозгора. Поставете ја каде сакате да биде, повеќе кон челото или кон темето. Зацврстете ја плетенката со една шнола.

Другата плетенка ставете ја пред или под првата плетенка. Врвот прицврстете го на почетокот на првата плетенка.

Напиши коментар