ШоуБиз

Видео со Адријана Лима долго 5 саати!?

Рекламата за автомобилите марка „Киа“ во која се појавува Адријана Лима, пред да биде прикажана премиерно, воодушевила многу луѓе. Целата реклама ќе биде претставена за време на финалето на Супербол купот во американски фудбал, а Адријана ќе може да ја гледаме цели пет саати.

Па, искрено, од прекрасната Лима никогаш не може да ни биде доста. Во вртоглаво високи чевли, со провокативен костим за капење и знаме во рацете, таа позира и воодушевува цели пет саати. Секако дека рекламата е снимана за пократко време, но со придружни ефекти и со забавено движење, таа е продолжена.

Ако и вие немате попаметна работа во наредните пет саати, препуштете се на магијата на оваа секси Бразилка.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=vrW68jCy9pc

Напиши коментар