Мода

Викторија Бекам со колекција чанти со името на својата ќерка

Викторија Бекам ги импресионираше модните критичари и модната публика на Њујоршката модна недела со својата најнова креација на облека, но и со својата линија на чанти која ја именуваше според својата ќерка Харпер.

Харпер, која иако е стара само неколку месеци, веќе претставува вистинска мала модна икона, па се очекува најновата колекција чанти на Викторија да доживее вистински успех.

Чантите од оваа колекција се со средна големина и претежно со куси рачки, а на предната страна ги красат џебови и златни детали. Тие ќе бидат достапни во различни бои, но за колекцијата ќе мора да причекаме, бидејќи ќе биде достапна дури во август.

Доколку ви се допаѓаат овие чанти почнете да штедите, бидејќи се проценува дека нивната цена ќе биде околу 2000 евра.

Напиши коментар