Дестинации

Престојувајте во The Villa Gianni Versace

Господинот Barton G. Weiss, познатиот реставратор од Мајами, ја претвори луксузната вила во која Џани Версаче помина долги години, во гламурозен хотел. Хотелот има само 10 соби, а се вика „ The Villa by Barton G“. Изгледот асоцира на римска палата.

Ентериерот на вилата го украсуваат фонтани, фрески, многубројни мозаици, базен, мермерни кипови, а терасите се со поглед кон океанот. Спалната соба на Версаче, во денешни услови е најскапиот апартман во хотелот. Во неа се наоѓа божествен брачен кревет, излегува на 2 тераси и има дури 9 ормари. Доколку сакате да поминете ноќ во собата на модната легенда, потребно е да издвоите 2.100 американски долари и тоа, надвор од сезоната…

Џани Версаче во оваа вила живееше и работеше, а токму пред неа трагично го загуби животот,  кога беше убиен, во 1997 година.

 

Напиши коментар