Оваа мала ѕвезда позади себе има двајца познати родители кои се секогаш тука да им го чуваат грбот на своите две малолетни деца кои се обидуваат да се пробијат во врвните кругови на шоу бизнисот.
Се работи за 11-годишната Вилоу Смит, ќерката на Вил Смит, која ги изненадила сите присутни кога се појавила на црвениот тепих на БЕТ наградите во Вашингтон.
Наместо во кратко фустанче и балетанки како останатите свои врсници, Вилоу носела долг, жолт, вечерен фустан и високи црни потпетици. Буквално како дама која има искуство со години во шоу бизнисот. Дури има и нов имиџ на косата, која беше прилично долга. За ова дете, дефинитивно нема детство.
Многумина ја споредуваат малата Вилоу со Ники Минаж и Ријана, а очигледно е дека ѝ претстои блескава иднина.