Здраво тело

Вино, сирење и чоколада се вашите пријатели за добра линија

Иако се веруваше дека сирењето, црното вино и чоколадата се големи непријатели на вашата добра линија и дека тоа се намирници кои не се препорачуваат кога сте на диета, сепак научниците не се сложуваат со тоа. Според нив дури тие може и да ви помогнат да ги изгубите килограмите.

Црно вино

Научниците утврдија дека црното вино има состојки кои успешно ги топат масните наслаги. Виното е добро за крвта и срцето, па затоа не треба да се одрекувате од него кога сте на диета.

Сирење

Заради големата калориска вредност долго време сирењето се наоѓа на “црната листа”. Но, научниците тврдат дека сирењето е идеална храна ако сакате да се ослободите од салото кое го имате во пределот на стомакот. Има многу протеини, кои многу брзо даваат чувство на ситост. Затоа не го изоставувајте.

Чоколада

Неколку коцки црна чоколада се доволни за да внесете голема количина на антиоксиданси, а научниците тврдат дека таа содржи и голема количина на биофлавоноиди, потребни за побрзо слабеење. Освен тоа ќе внесете доволна количина на какао, потребно за оформување на бели крвни зрнца, а при тоа и ја задоволувате потребата за слатко.

Кари

Лутеникав, здрав зачин кој ја забрзува циркулацијата и забрзано ги топи маснотиите.

Напиши коментар