Vision SZR првично бил наречен К/2, уште во 1997-та година. Потоа, во 2005 година, Misumi успеал со модификувана каросерија да овозможи поголемо меѓуоскино растојание и други промени присутни на тековниот модел SZR. Новиот модел е изграден на алуминиумска шасија со јаглеродни влакна на телото. Првично е тестиран со 6.2 литарски V8 мотор кој произведува 630 коњски сили, но 6,0 литарски V12 со 700 КС ќе се приклучи некаде во блиска иднина. На двата мотори ќе биде прикачен шест брзински мануелен или автоматски електронски контролиран менувач со двојна спојка. Потребно е многу време и пари за да се направи ваквиот сон реалност, но Misumi сега е подготвен да ја одведе својата напорна работа до реализација.