Денес на ред дојде колекцијата сандали на еден од моите омилени брендови Dsquared2 . Ова е бренд што без исклучок и независно од сезоната ги форсира ултра високите елегантни потпетици и необичните препознатливи дизајни на своите модели. Колекцијата пред се е наменета за младата популација поради високата доза сексапил и провокација.









