Тука ќе ги најдете советите кои ќе ви олеснат многу при изборот на комбинации со кои ќе ги прикриете проблематичните делови од телото.
Ако имате голем задник
Избегнувајте фармерки и панталони со низок струк. Деталите во пределот на задникот, заборавете ги. Најдобро е да носите фармерки кои се со прави ногавици. Комбинирајте ги со широки блузи и високи потпетици.
Ако колковите ви се широки
Бирајте фустани кои се со изразен струк, а се шират надолу. Или фармерки со висок струк во комбинација со високи потпетици. Внимавајте на фармерките со низок струк, тие можат да ги истакнат колковите.
Ако задникот ви е премногу рамен
За вас се идеални фармерки со низок струк. Во комбинација со високи потпетици и тесни маици ќе ве направат да изгледате како Кејт Мос. Може да носите тесни фустани и здолништа со висок струк.