Motherhood

Вистинската играчка за вашето дете според годините

Играчките се важни за развојот на секое дете и затоа треба внимателно да се бираат. Добрата играчка која одговара на возраста на детето, направена од квалитетен материјал е важна за развојот на децата.

До три месеци – иако на новороденчињата не им се потребни играчки, најдобро е над креветчето да му ставите вртелешка со висечки фигури и мирна музика.

До шест месеци – бебето треба да биде опкружено со меки играчки од платно или фротирски материјал, ведри бои. На оваа возраст бебињата ставаат се во уста па затоа добро е да се земе квалитетна гумирана изграчка.

До девет месеци – топката е идеална за оваа возраст, како и поголеми пластични коцки.

До 12 месеци – интелектуалните и моторичките способности на оваа возраст се развиваат со предмети во одредени облици како круг, квадрат, ромб. Понудете му и хартија и дрвени боици.

 

Напиши коментар