Ако и вие имате голем празен ѕид во домот и не знаете како да го пополните, еве го вистинското решение за вас. Пред се нашата цел е тоа да не чини многу и да не биде комплицирано, за да можете сами да го направите кога ќе имате малку повеќе слободно време. Станува збор за оргинална декорација во неколку сегменти. Тука има неколку идеи како би можело тоа да изгледа, но вие најдете ја идеалната варијанта што ќе одговара на боите и стилот во вашиот дом.
За целта ни се потребни неколку различни видови тапети, или пак една иста, што повторно изгледа одлично, а во фотографиите подолу ќе видите како тие сегменти создаваат целина.
Освен тапетите ќе ви требаат неколку парчиња дрвени даски кои ќе послужат како подлога за лепење на тапетите. И на крај еднобојна лента од хартија, а може и платнена, со која ќе ја залепите даската странично. И најдобро е тоа да биде во иста боја како и тапетата.
Еве како изгледа со една тапета:

Со повеќе видови тапети:





Два сегмента изработени од иста тапета и уште неколку со друга форма еднобојни:

