ШоуБиз

Витни умрела од вода во белите дробови?!

Аутопсијата извршена врз телото на неодамна починатата дива Витни Хјустон покажала дека во белите дробови на пејачката имало вода кога таа умрела. Сепак, сеуште се чека на медицинските експерти да откријат колку време точно Витни имала вода во дробовите пред да почине за да се потврди со сигурност дека умрела од давење.

Засега преовладува сомнежот дека Витни најверојатно заспала во кадата несакајќи или пак, се онесвестила во кадата и така се удавила.

Како и да е, се чека на опипливи докази за да се знае дали Хјустон умрела пред да потоне или после тоа.

Токсиколошките резултати ќе бидат готови за 4 до 6 недели. Лековите што Витни ги земала истовремено имале дејство на седативи.

Семејството на Витни вели дека таа најверојатно умрела од смртоносната комбинација на лекови и алкохол.

Напиши коментар