Sweet Home

Визуелно зголемете ги малите станови

Ако не сте еден од оние среќници на кои им е оставено наследство со стан од 200 квадрати сигурно ќе ви требаат овие трикови.

Бои

Користете исклучиво светли бои за ѕидовите и намештајот. Важно е тепихот и креветите да се во иста боја. Многу бои само ќе го скратат просторот.

Паметно искористете го просторот

Ставете полици во просторот каде е најлогично да бидат. Ако постои место помеѓу ѕидови кој може да го искористите за работи кои би сметале доколку се најдат на отворен простор ставете ги таму. Намалете ги украсите и сите ситници кои само го трупаат просторот.

Кога го одбирате намештајот практикувајте го советот на Јапонците, тие купуваат низок мебел, ниска гарнитура која има голем наслонувач и дрво.

Напиши коментар