Мојата кујна

Вкусен сос од јаболка

Сочна, ниско калорична закуска, во чиј вкус ќе уживате без грижа на совест… Идеална за оние кои планираат да слабеат оваа пролет !!!

Нема ништо поубаво од домашна., нискокалорична, здрава закуска !!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 килограм излупени јаболка

Кора од 1 лимон ( не треба да е рендана )

Сок од лимон

1 стапче цимет

100 грама шеќер ( можете и помалку шеќер. Доколку ставите помалку тогаш намалете ја количината на лимонов сок )

200 милилитри вода

Пола лажичка сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Сите состојки ставете ги во сад и на тивок оган проварете ги околу 30 минути.

По 30 минути тргнете го садот од оган и извадете ги стапчето цимет. Истурете ја водата и од состојките направете пире.

Сосот може да се служи и топол и ладен, одличен е со сладолед од ванила.

Лесно се замрзнува и може да трае до година дена.

Уживајте во вкусот!!!

Напиши коментар