Убавина

Вкусна чоколадна маска за лице

По оваа маска лицето ќе ви биде неверојатно меко и мазно. Ако имате сува кожа, ова е тоа што ви треба:

–      1/3 шолјичка какао во прав

–      3 лажици слатка павлака

–      ¼ шолјичка мед

–      3 лажици овесни снегулки

–     една лажица мед

Сите состојки ставете ги во блендер и убаво измешајте ги. Со добиената смеса премачкајте го лицето и оставете да делува 15 минути. Потоа измијте се со млака вода. Доколку ја практикувате оваа маска барем еднаш неделно, повеќе нема да имате проблем со сува кожа на лицето. За да ја спречите појавата на брчки би било добро ако ја нанесувате на лицето, но и на вратот и деколтето.

Напиши коментар