Мојата кујна

Вкусна пита со овошје и чоколада

Ова е уште една допбра комбинација на овошје и чоколада…

Потребни состојки за тестото:

–      300 гр брашно

–      125 гр путер

–      50 гр мелени бадеми

–      40 гр шеќер

–      1 дл ладно млеко

За овошниот фил:

–      450 гр капини или некое друго овошје

–      40 гр шеќер

–      100 гр гриз, по потреба и  повеќе

За чоколадниот дел:

–      150 гр чоколада со висок процент на какао

–      50 гр путер

–      40 гр шеќер во прав

–      200 мл слатка павлака

Подготовка:

Путерот ставете го во фрижидер за да се стегне убаво, а потоа изрендајте го во брашното. Набрзина измешајте ги сите состојки за тетстото и убаво измесете. Ставете го тестото да отстои на ладно барем половина час.

Капините или било кое друго зрнесто овошје, ако е смрзнато ставете го во еден сад да се одмрзне. Додајте му шеќер и ставете го на оган. Овошјето ќе пушти сок, и кога тој ќе почне да врие намалете го огинот и додајте го гризот. Би требало гризот да го впие целиот сок и од состојките да направи цврст фил. Оставете да се излади.

Извадете го тестото од фрижидер и расукајте го во големина на округлиот плех. Ставете малку зејтин, а потоа презла по целиот плех пред да го ставите тестото. Растегнатото тесто ставете го на плехот а вишокот тесто пресечете го. Избоцкајте го тестото со вилушка.

Загрејте ја рерната на 180 степени и ставете го да се пече. Но, да напоменеме дека важно е преку тестото да се стави хартија за печење а врз неа грав или ориз за да не нарасне тестото во текот на печењето. Печете 20 минути.

Овошниот фил сипете го врз испеченото тесто.

Припремете го чоколадниот фил. На пареа истопете ја чоколадата со шеќерот и путерот. Изматете ја павлаката во цврст снег. Кога растопената чоколада малку ќе се излади сипете ја во изматената павлака. Измешајте со дрвена лажица па ставете ја смесата во готварски шприц и ставете врз овошниот дел. Или пак само сипете ја чоколадната смеса врз овошниот фил и убаво израмнете.

Кога ќе бидете готови оставете ја питата на ладно барем 2 часа за убаво да се стегне.

Напиши коментар