Мојата кујна

Вкусна солена пита

Од вообичаени состојки со помош на малку фантазија се постигнуваат вистински кулинарски мајстории!!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За жолта кора

100 грама путер

4 јајца

100 грама брашно

За зелена кора

500 грама спанаќ (ситно сечкан)

100 грама путер

4 јајца

100 грама брашно

За фил

500 грама кашкавал ( исечен на листови)

500 грама шунка

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Изматете ги сите состојки за жолтата кора. Половина од тестото излијте го во намастен плех за печење. Ставете го во веќе загреана рерна на 220 степениЦелзиусови да се потпече.

За тоа време изматете ги состојките за зеленета кора.

Кога жолтата кора е наполу печена ( по 10 мин. ) извадете ја од рерна. Врз неа ставете третина од шунката и половина од листовите кашкавал и врз нив ставете го зеленето тесто. Вратете го садот за печење во рерна.

Кога зелената кора ќе се стегне ( по 10 мин. печење) извадете го плехот од рерна и додадете ги одозгора половина од преостаната шунка,  останатиот кашкавал и останатото тесто за жолта кора. Печете уште 15 минути.

Кога ќе се олади питата можете да се сервирате исечена на коцки и украсете со преостанатата шунка.

Уживајте во извонредниот вкус !!!

Напиши коментар