Здраво тело

Вкусни и здрави намирници кои може да ви помогнат да ослабете

Ако забележувате на себе неколку килограми плус, можеби е време да започнете на здрав начин да ги елиминирате. Тоа може да го сторите на здрав и едноставен начин, без да се изгладнувате. Имајте на ум дека со строгите диети го измачувате вашето тело, не му ја давате потребната количина на витамини и минерали, па најчесто се случува по диетата да ни биде нарушена крвната слика.

Ова се здрави намирници кои освен што ќе ни овозможат внес на голема количина витамини, минерали и влакна, ќе ни помогнат и да ослабеме.

Житарици со банана

Испасирана банана со житарици и малку млеко може да ви биде замена за еден оброк, на пример појадок. Со тоа ќе внесете голема количина на шеќери кои бавно се разградуваат, па подолго време ќе имате чувство на ситост.

Зеленчук на жар

Вака подготвениот зеленчук содржи многу мала количина на калории. Зачинете со вашите омилени зачини и уживајте во здравиот оброк.

Варени јајца и салата од зеленчук

Варените јајца се богати со витамините Б и К, што значи тоа е намирница која се препорачува да се консумира 3-5 пати неделно и најдобро за појадок. Доколку со варените јајца земете и една чинија свежа салата од зеленчук, вие ја имате вистинската комбинација за слабеење.

Супа од грашок

Оваа супа е богата со протеини. Протеинот е еден од клучните елементи кои може да ви помогне да ја контролирате потребата од слатки и друга нездрава храна.

Сардини и интегрален леб

Сардините се богати со Омега 3 масни киселини кои се важни за нашето здравје. Тие се идеална храна и кога станува збор за диетите, содржат многу малку калории, а не заситуваат многу лесно. Може слободно да ги јадете со едно до две парчиња интегрален леб.

Напиши коментар