Совршени се за појадок, а дури и за одличен завршеток на напорниот ден…
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 жолчка од јајце
1 лажичка вода
1 пакетче тесто за пита (кори)
6 лажички Нутела
6 лажички мармалад од јагоди
2 јагоди, тенко исечени во облик на срце
Шеќер во прав ( или обичен шеќер )
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во мал сад се матат жолчката со лажичката вода. Откако убаво ќе се одмрзнат корите, кои треба да содржат 12 правоаголници, почнува подготовката на овие неодоливи колачиња.
На 6 од правоаголниците се отсекува форма на срце, точно во средината, а другите 6 се мачкаат со по 1 лажичка мармалад и 1 лажичка Нутела или само Нутела.
На крај, ставете тенко сечено парче јаготка и соединете го правоаголникот со смесата и правоаголникот со отсеченото срце, така што јаготката убаво ќе го пополни просторот. Убаво премачкајте ги правоаголничињата со жолчка од јајца и посипете ги со шеќер…
Печете ги 12-14 минути, во претходно загреана рерна додека не добијат светло кафеава боја. Се служат откако ќе се оладат…
И се неодоливи… Уживајте во нив !!!