Мојата кујна

Вкусни палачинки со лосос и спанаќ

Вкусно и здраво…

Потребни состојки за палачинките:

–      80 гр брашно

–      2 јајца

–      1,5 дл млеко

–      зејтин и сол

За филот:

–      4 филети лосос или околу 450 гр

–      спанаќ

–      сол и бибер

За преливот:

–      1 дл неутрална павлака и 2 лажички рен од тегла

Подготовка:

Направете ја смесата за палачинки и оставете ја да отстои еден час, а потоа спремете ги палачинките. Пенесто изматете ја неутралната павлака, додајте го ренот измешајте и ставете ја смесата во фрижидер. Обарете го спанаќот. На секоја палачинка ставете спанаќ и одозгора парче лосос. Ролувајте ја палачинката, така што и краевите ќе ги завиткате за да не истече филот.

Наредете ги палачинките на тава за печење во која претходно ставивте хартија за печење. Одозгора премачкајте ги со малку растопен путер и печете во загреана рерна 10 минути на 200 степени. Сервирајте со пената од пвлака и рен.

Напиши коментар