За само половина час ќе имате вкусен оброк кој одлично оди со една чаша добро вино.
Потребни состојки:
– едно пакетче шпагети
– доматен сос
– бибер
– пармезан
– мелено месо
– кромид
– јајце
– лебни трошки
– малку вода
– зачини
– пециво

Подготовка:
Ставете ги шпагетите на тивок оган да се варат. Во еден сад ситно исецкајте го кромидот, ставете го меленото месо, зачините, јајцето, лебните трошки и убаво измешајте. Во смесата ставете и малку вода. Ставете го и пецивото и оставете го малку да отстои. Потоа спржете ги ќофтињата. Сварените шпагети ставете ги во чинии. Ставете одозгора од ќофтињата, а потоа ставете од доматниот сос. Одозгора посипете пармезан.
