Мојата кујна

Вкусни шпагети со доматен сос и ќофтиња

За само половина час ќе имате вкусен оброк кој одлично оди со една чаша добро вино.

Потребни состојки:

–      едно пакетче шпагети

–      доматен сос

–      бибер

–      пармезан

–      мелено месо

–      кромид

–      јајце

–      лебни трошки

–      малку вода

–      зачини

–      пециво

Подготовка:

Ставете ги шпагетите на тивок оган да се варат. Во еден сад ситно исецкајте го кромидот, ставете го меленото месо, зачините, јајцето, лебните трошки и убаво измешајте. Во смесата ставете и малку вода. Ставете го и пецивото и оставете го малку да отстои. Потоа спржете ги ќофтињата. Сварените шпагети ставете ги во чинии. Ставете одозгора од ќофтињата, а потоа ставете од доматниот сос. Одозгора посипете пармезан.

Напиши коментар