Мојата кујна

Вкусни вафли со чоколаден прелив и јагоди

Одличен десерт за децата и за нас возрасните:)

Потребни состојки:

–      125 гр путер

–      50 гр шеќер

–      200 мл млеко

–      малку сол

–      4 јајца

–      375 гр брашно

–      25 гр квасец

–      изрендана кора од половина лимон

Подготовка:

Сипете го брашното во длабок сад и вдлабнете дупка, во неа ставете го квасецот и додајте 125 мл млеко, и лажичка шеќер. Измешајте ги убаво состојките и оставете нека отстојат 15 минути.

Во нараснатото тесто додајте го преостанатото млеко, растопениот путер, изренданата кора, па измесете го убаво тестото. Оставете нека отстои уште 25 минути. Загрејте ги калапите и премачкајте ги со мало. Во калапот ставете по 3 лажици од тестото и печете по 5 до 7 минути. Повторете ја постапката додека не ја потрошите целата смеса.

Изладените вафли прелијте ги со растопено чоколадо и декорирајте со неколку јагоди.

Напиши коментар