Декоративни, лесни за подготовка, со неверојатен вкус…
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За 20 топчиња (25 калории по топче)
250 грама полномасно сирење ( видот на сирењето е по Ваша желба)
1 лажица ситно сечкана мајчина душичка
½ лажица оригано
2 моркови
Магдонос
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Изрендајте ги морковите, а магдоносот исечкајте го што е можно поситно.
Сирењето ставете го сад и изгмечете го со вилушка, додадете го ренданиот морков, ориганото и мајчината душичка. Се добро измешајте и од смесата формирајте топчиња.
Топчињата извалкајте ги во исечканиот магдонос.
Уживајте во вкусот!!!
