Мојата кујна

Вкусно и декоративно на вашата трпеза: канапеи со растопен кашкавал, домати и маслинки

Потребни состојки:

–          8 кришки француски леб

–          100 гр црни маслинки без семка

–          2 домати

–          100 гр  кашкавал

–          оригано

–          магдонос

–          една главица црвен кромид исецкана на тркалца

–          4 лажици маслиново масло

–          едно чешне лук

Подготовка:

Парчињата леб премачкајте ги со две лажици маслиново масло. Ставете ги во загреана рерна на 200 степени да се заруменат.

Од преостанатите две лажици маслиново масло и од маслинките направете намаз, така што ќе ги изблендирате. Со овој намаз премачкајте ги лепчињата. Одозгора ставете го доматот исецкан на коцки, ориганото, лукот, магдоносот и парчињата црвен кромид. Одозгора ставете малку кашкавал и вратете ги повторно во рерна, колку да се растопи кашкавалот.

Напиши коментар