Малку виски, малку кафе, малку шеќер…
Ирското кафе е одличен топол пијалок кој ќе ве стопли и опушти. За да го направите нема да ви треба некоја посебна дарба, само потребните состојки.
Потребни состојки:
Топло кафе
Кафен шеќер
Ирско виски
И шлаг
Подготовка:
Ставете 0,7 дл топло кафе, 0,4 дл ирско виски и една лажица кафен шеќер во стаклена чаша. Убаво промешајте. Одозгора ставете шлаг и цимет или какао за декорација.
Уживајте во убавиот вкус:)