Мојата кујна

Вкусно кафе со бела чоколада…

Ако не сте на диета пробајте го, зошто во една чаша има 220 калории

Потребни состојки:

–      6 дл кафе

–      100 гр бела чоколада

–      50 гр шеќер

–      0,5 дл коњак или виски

–      шлаг за декорација

Подготовка:

На тивок оган растопете ја чоколадата со малку вода и додајте го шеќерот. Сипете го кафето без талогот. Тргнете го садот од оган и додајте го вискито. Потоа ставете го садот во фрижидер убаво да се излади.

Сипете го кафето во стаклени чаши и декорирајте со шлаг.

Уживајте…

Напиши коментар