Мојата кујна

Вкусно полнето пилешко месо

Доколку Ви снема идеи за неделен ручек …Ова едноставно, а вкусно јадење е готово за 30 минути. Задоволството ќе биде преточено во насмевки.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За 4 личности.

4 пилешки стека

Поголема марула

100 грама кашкавал

6 лажички маслиново масло

Гранчиња свежа мајчина душичка ( може и сушена)

1 децилитар бело вино

Сол и бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Разлистајте ја марулата и убаво измијте ја, одвоите неколку поголеми листови за декорација подоцна. Остатокот од марулата  бланширајте ја 2 минути  во зовриена солена вода.

Кашкавалот исечете го на коцки.

Со остар нож зесечете ги врвовите на пилешките стекови и внимателно направете поголеми џепови.

Стековите посолете ги.

Џеповите на стековите наполнете ги со мешавината од кашкавал и сечкана марула и затворете со чепкалки за заби.

Во веќе загреана тава на среден оган ставете ги стековите и пржете по 3 – 5 минути на двете страни да поруменат, а потоа најлејте со вино, почекајте виното да испари, смалете ја температурата и пржете уште 5 минути. Зачинете со мајчина душичка и служете ги стековите со прилог од зеленчук или компир.

Уживајте!!!

Напиши коментар